Линкови за пристапност

Најмалку 30 загинати во бомбашки напад во џамија во Пакистан


Во експлозија на бомба за време на молитва во џамија во северозападниот дел на Пакистан загинале најмалку 30 лица, соопштија властите. Полицијата се случила во областа Горен Дир во близина на границата со Авганистан, каде пакистанската армија се бори против бунтовниците на Талебан.

ОН вчера извршија притисок за дополнителна помош за преку двата милиони луѓе раселени заради борбите. Раководителот на Агенцијата за хуманитарна помош на ОН во Пакистан предупреди дека дел од намирниците можеби ќе се потрошат до јули и ја повика меѓународната заедница итно да реагира.

Американскиот специјален претставник за Авганистан и Пакистан, Ричард Холбрук, најави дека САД планираат дополнителни 200 милиони долари помош за бегалците. Вчера Холбрук го посети бегалскиот камп Мардан, каде со раселените лица разговараше за нивните потреби.

XS
SM
MD
LG