Линкови за пристапност

Русија го поврзува намалувањето на нуклеарниот потенцијал со американскиот ракетен штит во Европа


Началникот на Рускиот генералштаб вели дека неговата земја нема да го намали нуклеарниот потенцијал се` додека САД не ги појаснат намерите за противракетна одбрана во Европа.

Руската новинска агенција го цитираше генералот Николај Макаров дека одржувањето на руските нуклеарни сили останува врвен приоритет. Неговиот коментар се однесува на американскот план за инсталирање противракетен штит во Полска и во Чешката Република, на што Русија гледа како закана по нејзината безбедност. Американски претставници, пак, тврдат дека системот е замислен да ги заштити американските сојузници од напади од Иран, односно дека не е насочен кон Русија.

Руски и американски преговарачи деновиве се обидуваат да постигнат прелиминарна согласност за нов договор за контрола во нуклеарното вооружување, пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на Москва наредниот месец.

Во петокот, на прес-конференцијата со германскиот канцелар Ангела Меркел во Германија, Обама рече дека е посветен на намалување на нуклеарните залихи и заканата од нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG