Линкови за пристапност

САД: Невработеноста расте, но се намалува стапката на отпуштања


Невработеноста во САД достигна највисоко ниво во изминатите 25 години - 9,4 проценти во мај годинава, и покрај тоа што значително опаднала стапката на загубени работни места.

Па сепак, во извештајот на владиниот Оддел за труд објавен во петокот стои дека американската економија минатиот месец загубила 345.000 работни места, што е речиси половина од просечниот месечен износ во изминатите шест месеци.

Новиот извештај помогна клучните берзанските индекси извесно време да забележат пораст, а нафтените цени накусо да нараснат над 70 долари по барел за прв пат од септември минатата година. Инвеститорите ги искористија ниските бројки да наведат дека најлошото од рецесијата можеби е минато. Меѓутоа, високата стапка на невработеност сугерира дека работодавците се` уште се неодлучни да почнат да вработуваат се` додека не се појават повеќе знаци дека рецесијата е при крај.

XS
SM
MD
LG