Линкови за пристапност

Во Западна Африка се надеваат дека говорот ќе инспирира акција


Американската амбасада во Мавританија покани граѓани да го следат говорот на претседателот Обама во живо во просторијата за конференции.

Моухамед Јахиа Оулд Ведоуде вели дека е импресиониран:
“Во говорот се рефлектира нова политика на САД и претставува нова визија за светот, особено нова визија за исламскиот свет. Мислам дека е многу позитивен говор и ќе импресионира многу луѓе во исламскиот свет да размислат за ставовите спрема САД.“

Во Демократска република Конго, Зубеида Бухендва вели дека говорот на претседателот Обама е шанса да се сменат погрешните перцепции, како што е на пример онаа дека Американцџите се непријатели на Исламот.

Ал Хаџ Саиди Нгонго Лутете вели дека го слушал говорот со големо задоволство. Тој вели дека Муслиманите ширум светот секогаш војувале со САД „како мачки и кучиња“. Америка го менува размислувањето за Муслиманите и многу Муслимани се прашуваат дали ова е вистина или се работи само за политика, вели тој. Ако е точно дека Америка бара мир со Муслиманите, тогаш тоа е добра работа, вели Лутете.
Денес, додава тој, од промоцијата на мирот корист ќе имаат сите.

Во Нигер, Амадоу Мороу вели дека тоа бил говор спрема екстремизмот во САД и во други земји. Тој вели дека претседателот Обама инсистира светот да и стави крај на недовербата која постои меѓу различните култури и религии. Тој вели дека Американските Христијани треба да престанат со недовербата спрема Исламот како религија и не треба да го поврзуваат екстремизмот на терористи со вистинскиот Ислам.

Во Камерун, Нчехума Банла вели дека претседателот зборувал отворено: „Моја желба е заложбите на претседателот Обама да инспирираат акција со која ќе биде ставен крај на конфликтните места на Блискиот исток“, вели
Банла, додавајќи дека е важно што претседателот Обама го почитува правото на Палестинците да имаат сопствена држава.

Во Либерија, Шеик Оусман Конен вели дека е многу среќен што претседателот Обама повторно ги гради врските со Исламот:

„Ние сме охрабрени. Ние сме храбри. Мора да му се заблагодариме за врските со нас затоа што треба да живееме во мир со нашите сестри и браќа“, вели овој шеик.

Во Сенегал, Моухамадо Баро вели дека говорот на претседателот Обама не ги надминал неговите очекувања и не направил искечор. Тој смета дека претседателот Обама зборувал за цифрата на загинати во терористичките напади на 11-ти септември во Њујорк и во Вашингтон, но не кажал колку луѓе биле убиени од американските војници во Ирак.

Баро му забележува на претседателот што не го земал Израел на одговорност за насилството кое им го нанесува на палестинските цивили и прашува зошто американскиот лидер не го покренал прашањето за последните израелски офанзиви во Газа.

XS
SM
MD
LG