Линкови за пристапност

Реакциите по говорот на Обама – внимателно позитивни


Неколку пакистански студенти за Гласот на Америка говорот на Обама го оквалификуваа како импресивен, но рекоа дека би биле уште поимпресионирани доколку се направат конкретни промени во делови од американската политика.

Одредени владини претставници од Блискиот Исток ја поздравуваат, како што рекоа, искреноста на претседателот Обама за израелско-палестинскиот конфликт. Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, говорот на Обама го нарече „важен чекор" и „добар почеток" кон нова американска политика на Блискиот Исток. Портпаролот на Хамас, Фавзи Бархум изјави дека иницијативата претставува „видлива промена" споредено со пристапот од претходната администрација.

Израелската влада издаде соопштение во кое вели дека Израел ја споделува „надежта на претседателот Обама дека американскиот напор навестува отварање на нова ера што ќе резултира со крај на конфликтот".

Новинските агенции цитираат владини претставници и експерти од Иран, кои велат дека обраќањето на Барак Обама до муслиманскиот свет претставува нов тон од страна на САД.

На страницата за социјализирање „Twitter", јорданската кралица Ранија објави коментар во кој вели дека зборовите на Обама биле „искрени и обмислени", а говорот го нарече „мошне потребната промена во тонот на САД".

Огромен дел на коментарите ставени на страницата на Белата Куќа на „Facebook" се позитивни.

Претседателот на Американско-муслиманскиот проект за ангажирање со седиште во Вашингтон, Роб Ферч, за Гласот на Америка изјави дека претседателот Обама го постигнал вистинскиот тон во однос на потребната промена што треба да се направи за подобрување на односите.

XS
SM
MD
LG