Линкови за пристапност

Авионот на Ер Франс летал пребавно пред да се урне


Француски новински извештај вели дека авинонот на Ер Франс кој се урна во Атлантикот во понеделникот можеби летал пребавно за да можел да се справи со жестоката тропска бура која најверојатно го урнала.

Сите 228 лица на летот 447 се претпоставува дека се загинати. Авионот летал на релација Рио Де Женарио-Париз, кога се урна во близина на североисточниот дел од Бразил.

Парискиот весник Ле Монд пренесе дека компанијата Ербас - производителот на урнатиот авион, се подготвува да испрати правила со предупредување за пилотите на стотици авиони од типот А330 кои ќе содржат нови совети за летање за време на бури.

Ербас одби да го коментира извештајот во време кога меѓународни тимови продолжуваат со потрагата на остатоци од авионот во водите на Атлантикот.

Во Париз, сведоци велат дека Ер Франс им соопштиле на семејствата на патниците од авионот да не се надеваат повеќе дека некој ја преживеал катастрофата.

XS
SM
MD
LG