Пречекан со бодрење и аплауз, Обама се обрати пред илјадници присутни на настанот и милиони други ширум светот кои се очекуваше да проследат неговиот говор. Белата куќа веќе го објави говорот на претседателот на популарните интеренет страници „YouTube“, „Facebook“, „MySpace“ , а обраќањето е достапно и за корисниците на мрежата за социјализирање „Twitter“.
Гости беа поканети од страна на американската амбасада во Египет, Белата куќа и египетската влада.
Новинари прашаа претставник на Белата куќа за медумските извештаи дека на настанот биле поканети и членови на забранетата опозициона група во Египет, „Муслиманско братство“. Американскиот претставник не одговори директно, но истакна дека Белата куќа се заложила претседателот да има можност да зборува пред „комплетната политичка структура во Египет“ и муслиманскиот свет.
Воочи говорот на претседателот Обама, Универзитот во Каиро и околината беа масовно исчистени, некои делови од зградата свежо бојадисани, а беа посадени и нови цвеќиња. Обезбедувањето, како за секоја претседателска посета, беше силно, главните улици затворени, а имаше и забележливо присуство на полициски патроли.