Линкови за пристапност

Американските новинарки ќе бидат судени во Северна Кореја


Две американски новинарки се соочуваат со судски процес во Северна Кореја по обвиненија дека илегално влегле во земјата и имале непријателски активности.

Нивните семејства побараа помилување, но ако бидат прогласени за виновни може да добијат по 10 години казна на во камп со принудна работа.

Северокорејската новинска агенција јави дека судскиот процес ќе почне во три часот по локално време.

Новинарките Ијуна Ли и Лаура Линг од телевизијата Курент беа уапсени додека работеле на новинарска задача во близина на границата меѓу Северна Кореја и Кина. Обете новинарки беа приведени од севернокорејските погранични власти на 17-ти март додека собирале материјал за бегалците кои преминале од Северот во Кина.

Нивните семејства побараа милост. Зборувајќи од Калифорнија, сестрата на Лаура Линг ја повика севернокорејската влада да покаже милосрдност и се извини ако двете новинарки ги прекршиле законите на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG