Линкови за пристапност

Високи безбедносни мерки за 20 -годишнината од Тјананмен


Кинеската полиција забрани секаков обид за одбележување на 20-тата годишнина од крвавото задушување на протестите на демократските активисти на плоштадот Тјананмен, во време кога Кина се соочува со обновени повици за преземање одговорност за настаните.

Кинеската полиција забрани новинари да влезат на плоштадот. Униформирани полицајци и тајни агенти беа распоредени со цел да спречат било како одбележување на годишнината.

САД ја повикаа Кина отворено да ги испита настаните од 1989-та и задушувањето на про-демократските демонстрации во Пекинг и да обелодени информации за сите загинати, изчезнати и приведени за време на воената операција.

Спроти 20-годишнината од настаните на Плоштадот Тјананмен, државниот секретар Хилари Клинтон рече дека Пекинг на почитувањето на човековите права треба да им даде ист приоритет, како и на економските реформи.

На 4-ти јуни, кинеската влада испрати тенкови и војници на плоштадот Тјананмен, со цел да ги студентските и работничките протести што траеја со недели, при што беа убиени стотици.

Кина останува на ставот за протестите на Тјананмен и настаните кои следееа потоа. Портпаролот на министерството за надворешни работи рече дека владата има јасен заклучок, за како што го нарече “политичкиот инцидент“.

XS
SM
MD
LG