Линкови за пристапност

Меѓу предлозите на Обама – искоренување на детската парализа


Американскиот претседател Барак Обама во денешниот говор во Каиро најави нови глобални напори за сузбивање на детска парализа.

Обама истакна дека САД ќе се здружат со Организацијата на исламска конференција со цел елиминирање на оваа болест која годишно зафаќа близу 2.000 лица.

Американскиот претседател најави и образложи и неколку други предлози.

Тој рече дека САД ќе назначат нови претставници за наука, кои ќе работат на развивање на нови извори на енергија, креирање на нови работни места во согласност со заштитата на животната средина, обезбедување на чиста вода за пиење и работење на одгледување на нови житарки. Обама додаде дека САД ќе отворат центри за наука во Африка, Југоисточна Азија и на Блискиот Исток.

Тој кажа и дека САД ќе креираат нова интернет мрежа преку која младите во Америка ќе можат во реално време да комуницираат со своите врсници во муслиманскиот свет.

Обама најави и планови за креирање на корпуси од деловни доброволни работници кои ќе соработуваат со своите колеги во земјите со доминантно муслиманско население, а ќе ги прошират и програмите од областа на образованието.

XS
SM
MD
LG