Линкови за пристапност

Американските законодавци генерално задоволни од обраќањето на Обама


Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси истакна дека Американците треба да бидат горди на говорот на претедателот, велејќи дека тој доставил позитивна порака до муслиманите ширум светот за потребата да се стави крај на насилството и да се промовираат човековите права.

Лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Џон Бонер, говорот на Барак Обама го нарече „обмислен и оптимистички“. Сепак Бонер истакна дека претседателот пропуштил да стави еднаква вина за насилството на Блискиот Исток на двете страни - Израел и Палестинците.

Републиканците со особено внимание го следеле делот за Иран. Републиканецот Ерик Кантор истакна дека претседателот Обама требало да стави поголем акцент на, како што кажа, вистинските причини за насилството на Блискиот Исток и за спонзорирањето на терористичките активности од страна на режимот во Иран.

XS
SM
MD
LG