Линкови за пристапност

Обама повикува на нов почеток во американско-муслиманските односи


Американскиот претседател Барак Обама повикува на нов почеток во односите меѓу САД и муслиманскиот свет, велејќи дека циклусот на „сомничавост и раздор", мора да заврши.

Во денешниот говор во Универзитетот во Каиро, Обама истакна дека насилничките екстремисти ги експлоатираат тензиите меѓу муслиманите и Западот. Тој истакна дека САД и милијардата муслимани ширум светот мора да соработуваат за да се справат со екстремизмот во сите форми.

Обама подвлече и дека планира да ги повлече американските трупи од Ирак и да го остави Ирак на Ирачаните. Обама истакна и дека САД се залагаат за повлекување на американските војници и од Авганистан, но дека тој е определен да ја продолжи борбата против екстремистите во оваа земја чија цел е да убиваат Американци и други.

Израелско-палестинскиот конфликт Обама го нарече главен извор на тензија и ја повтори потребата од постоење на посебна палестинска држава веднаш до Израел. Претседателот Обама додаде и дека Палестинците мора да се откажат од насилството, а Израелците мора да го признаат правото на Палестинците за постоење.

Американскиот лидер кажа дека САД се подготвени за подобрување на односите со Иран и надминување на повеќедецениската недоверба.

XS
SM
MD
LG