Линкови за пристапност

Кина ги заостри мерките на безбедност пред 20-годишнината од демонстрациите на Тјенамен


Кинеските сили за безбедност го засилија своето присуство на пекиншки Тјенамен воочи 20-тата годишнина од акцијата против продемократските протести на овој плоштад. Кинески полицајци и специјални сили за безбедност во средата ги проверуваа посетителите на контролни пунктови и забранија пристап на новинари.

Кинеската комунистичка влада на 4-ти јуни 1989-та на Тјенамен испрати тенкови и војници да ги задушат еднонеделните студентски и работнички протести. Загинаа стотици, а можеби и илјадници демонстранти.

Неколку водечки дисиденти за западните медиуми по телефон изјавија дека властите ги присилиле да останат во домовите, или пак да го напуштат Пекинг за годишнината.

Кинеската влада исто така ги блокираше форумите на Интернет, страниците за дружење и странските извештаи за да спречи дискусија за годишнината на Тјенамен.

XS
SM
MD
LG