Линкови за пристапност

Бернанки предупредува на зголемување на американскиот дефицит


Првиот човек на федералните резерви Бен Бернанки предупреди дека рекордното владино трошење наскоро би можело да се закани на економската обнова во САД.

Бернанки пред Конгресната комисија за буџет кажа дека не ќе има финансиска стабилност или пак здрав економски растеж без, како што рече, „силна заложба за фискална одржливост“.

Натпартиската Конгресна канцеларија за буџет прогнозира дека американскиот буџетски дефицит најверојатно ќе стаса до 1,8 трилиони долари поради гломазниот економски пакет за стимулирање на економија и помош на финансискиот сектор.

Бернанки предупреди и дека САД ќе се соочат со значителен број на загубени работни места наредните месеци, и покрај тоа што се очекува економијата да излезе од рецесија нешто подоцна годинава.

Коментарите на Бернанки уследија по два извештаја објавени во вторникот, што наведуваат дека стотици илјади Американци се` уште ги губат работните места и покрај знаците дека економијата започнала да се опоравува.

XS
SM
MD
LG