Линкови за пристапност

Британски војник убиен во јужен Авганистан


Британското министерство за одбрана јави дека британски војник загинал во експлозија додека патролирал во јужен Авганистан. Тој е 166-та жртва меѓу британските сили од почетокот на конфликтот во 2001-ва.

Меѓународните сили предводени од НАТО во Авганистан соопштија дека бунтовниците убиле и еден војник од коалиционите сили и повредиле уште двајца во источен Авганистан.

Британската армија, пак, вчера информираше дека нејзини хеликоптери извршиле напад и го убиле вишиот талебански водач Мула Мансур во покраината Хелманд, кој организирал бројни самоубиствени бомбашки напади врз британски и авганистански сили во регионот.

XS
SM
MD
LG