Линкови за пристапност

Мала веројатност  да се лоцира „црната кутија“ од авионот на „Ер Франс“


Главниот француски истражител на несреќата на авионот на „Ер Франс“ денес изјави дека не е оптимист дека ќе биде најдена неговата „црна кутија“.

Пол Луј Арсланиан кажа дека е можно истрагата на крај да не ги открие сите фактори што причинија уривање на авионот на летот број 447, што во понеделникот полета од аеродромот во Рио Де Жанеро за Париз и се урна во Атланскиот Океан, во близина на североисточното крајбрежје на Бразил. Се претпоставува дека загинале сите 228 патници и членови на екипажот.

Арсланиан наведе дека нема докази за проблеми со авионот пред полетувањето. Првичниот извештај за несреќата се очекува кон крајот на месецов.

Авиони од Бразил, Франција и САД го пребаруваат јужниот дел на Атлантикот каде вчера беа пронајдени остатоци од авионот.

Експерти предочуваат дека „црната кутија“ можеби се наоѓа на длабочина од 6.000 до 9.000 метри под вода, како и дека е неизвесно дали до таква длабочина може да допре соодветна опрема за нејзино собирање.

XS
SM
MD
LG