Линкови за пристапност

Нова тонска снимка што му се припишува на Бин Ладен го критикува Обама


Во најнова тонска снимка, што му се припишува на водачот на Ал-Каида Осама бин Ладен, се критикува политиката на американскиот претседател Барак Обама кон муслиманските земји.

Снимката беше емитувана на телевизијата Ал-Џазира, кусо време откако Обама пристигна во Саудиска Арабија, неговата прва станица од турнејата по Блискиот Исток.

Гласот за кој се претпоставува дека е на Бин Ладен вели дека Обама „ги следи чекорите“ на неговиот претходник Џорџ Буш, како и дека во муслиманскиот свет сади „нови семиња на омраза“ кон САД. Гласот го поврзува ова тврдење со американската поддршка за владата на Пакистан која се справува со милитантите на Талебан во Долината Сват во северозападниот дел на земјата.

Автентичноста на снимката се`уште не е потврдена.

Ова е втора порака на Ал-Каида што цели на американскиот претседател во рок од два дена.

XS
SM
MD
LG