Линкови за пристапност

Приемот на Куба во Организацијата на американски држави - неизвесна


САД велат дека делегациите на Организацијата на американски држави не успеале да се договорат и да и` дозволат на Куба членство во организацијата и да ја укинат 50-годишната забрана.

Делегати од САД и други девет нации дебатираа до доцна во вторникот барајќи решение за предложеното примање на Куба во редовите на Организацијата на американски држави. Членките на организацијата гласаа за суспендирање на комунистичката влада во 1962-ра поради нејзините врски со тогашниот Советски сојуз, и оттогаш Куба нема членство во регионалната група.

Неколку држави сега сакаат преиначување на одлуката и враќање на членството на Куба, вклучувајќи и некои од нејзините најблиски сојузници како Никарагва и Венецуела.

Американски официјални лица, сепак, го предочуваат досието на Куба, која држи во затворите политички дисиденти, како и на немањето на слободни избори, како причини зошто Хавана не треба да биде примена назад во организацијата.

Државната секретарка Хилари Клинтон присуствуваше на преговорите. Таа кажа дека не е во интерес на организацијата да преземе акција, без да ги разбере последиците од таа акција.

Клинтон рече дека САД разгледуваат договор што ќе и овозможи на Куба да се врати во организацијата, но само откако Хавана ќе мине низ процесот што вклучува прифаќање на серија принципи за демократија и почитување на човековите права.

Клинтон рече дека и покрај разликите, разговорите помогнале да се прошири дебатата за статусот на Куба во хемисферата: „Сметаме дека успеавме да покренеме многу прашања како меѓу членките така и во хиерархијата на самата организација“, кажа таа.

Американскиот државен секретар и многу министри за надворешни работи, не се очекува да присуствуваат на вториот ден од разговорите во Хондурас, со што иднината на евентуалното членство на Куба во организацијата останува нејасна.

Американски официјални лица велат дека ваквата состојба во Организацијата на американски држави нема да влијае на новиот пристап на американската администрација кон Куба, со кој треба да се прошират контактите меѓу Кубанците и оние кои живеат надвор од островот.

Претходно неделава, американски официјални лица објавија планови за нови разговори за миграциони прашања и обновување на директната врска за размена на пошта меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG