Линкови за пристапност

Холбрук во Пакистан ќе изврши увид на хуманитарната ситуација


Американскиот Стејт департмент најави дека специјалниот пратеник Ричард Холбрук неделава ќе го посети Пакистан за да изврши проценка на ситуацијата во која се наоѓаат раселените лица по владината офанзива против талебанските милитанти.

Холбрук ќе се сретне со раселени Пакистанци, со организации за помош и владини претставници.

Поради борбите меѓу владините сили и талебанските милитанти, изминативе неколку недели внатрешно беа раселени 2, 5 милиони луѓе од Долината Сват и околните области.

XS
SM
MD
LG