Линкови за пристапност

Судска наредба за објавување на доказите против притворените во Гвантанамо


Американски федерален судија во понеделникот и` нареди на владата да ги објави доказите што не се означени како тајни, а што го оправдуваат натамошното држење во притвор на лица осомничени за тероризам во центарот Гвантанамо на Куба. Одлуката налага владиниот Оддел за правда до крајот на јули да ги објави информациите за притворениците што не се тајни, или пак да му покаже на судот кои информации сака да ги чува во тајност.

Судијата Томас Хоган реши дека обелоденувањето на документите би го задоволило уставното право на јавноста да биде запозната со активностите во Гвантанамо и би обезбедило подобар увид во правните постапки.

Одлуката уследи по тужбата поднесена од адвокати на притворениците и коалиција на новински агенции.

Одделот за правда кажа дека никогаш не постоела намера документите да бидат држени во тајност до бескрај, и дека биле означени како тајни се` додека владата не одреди која од информациите може да биде објавена.

XS
SM
MD
LG