Линкови за пристапност

Сотомајор се среќава со клучни сенатори


Кандидатката за Врховниот суд на САД Соња Сотомајор се среќава со група сенатори на Капитол Хил воочи распитот за нејзино потврдување на функцијата.
Таа ќе разговара со демократот Патрик Лејхи, кој ќе претседава со распитот во Сенатската комисија за правосудство. Сотомајор ќе се сретне и со Џеф Симонс, виш републикански претставник во Комијата, водачот на демократското мнозинство во СенатотХари Рид и првиот човек на републиканското малцинство, Мич Меконел.

Пред средбите во Сенатот, Рид ја пофали Сотомајор за остварувањата, велејќи дека нема поквалификуван кандидат од неа.

Сотомајор, која доколу биде потврдена на функцијата ќе стане првата судијка од латиноамериканско потекло и трета жена назначена во Врховниот суд, деновиве работеше на прашалникот од 10 страници што и` го испрати Комисијата, а во кој дава детали за својот живот, кариерата и изјавите во јавноста.

XS
SM
MD
LG