Линкови за пристапност

„Џенерал моторс“:  најден купец за „Хамер“


Во соопштението обајвено во вторникот, „Џенерал моторс“ не открива кој планира да ја купи неговата подружница за производство на спортски возила, но наведува дека потегот ќе спаси 3.000 работни места во САД во производствениот и инженерскиот сектор, како и работни места во салоните за продажба на возилата „Хамер“ ширум САД. Компанијата најави дека купецот ќе продолжи со финансирање на идните програми на оваа марка.

Одлуката за очекуваната продажба на „Хамер“ уследи само еден откако судот го одобри барањето на „Џенерал моторс“ за заштита од кредиторите согласно прогласувањето банкрот - чекор што компанијата го повлече како дел од владиниот план за нејзино реструктуирање. Американската влада вети 30 милијарди долари помош, згора на 20-те милијарди што „Џенерал моторс“ веќе ги имаше позајмено. Компанијата најави дека планира да затвори 12 фабрики и други објекти како резултат на банкротирањето.

XS
SM
MD
LG