Линкови за пристапност

Откриени остатоци што може да припаѓаат на исчезнатиот авион на „Ер Франс“


Екипи кои трагаат по исчезнатиот авион забележале остатоци на површината на водата во јужниот дел од Атлантскиот Океан, што може да припаѓаат на авионот на „Ер Франс“ исчезнат во близина на североисточното крајбрежје на Бразил. Бразилската авијација соопшти дека екипите ангажирани во потрага по авионот забележале седишта, нафта и метални делови на околу 650 километри од крајбрежјето.

Авионот на „Ер Франс“ пренесувал 228 лица, а исчезна вчера во раните утрински часови, околу четири часа откако полета од аеродромот во Рио де Жанеиро за Париз.

Спасувачки екипи од Бразил, Франција и Шпанија во текот на ноќта пребаруваа огромна површина на Атланскиот Океан со специјална опрема за лоцирање на црните кутии. Властите велат дека авионот на летот број 477 околу четири часа се движел според планираната патека во правец надвор од дофатот на бразилските радари, кога налетал на тропско невреме што се движело кон Јужна Америка од крајбрежјето на Западна Африка.

XS
SM
MD
LG