Линкови за пристапност

Сеќавање на Денот-Д – 65 години по инвазијата на Нормандија


На 6-ти јуни 1944, американски, британски, канадски трупи и француски командоси, навлегоа на плажите на Нормандија, трчајќи, лазејќи и возвраќајќи на непријателскиот оган од германска страна.

Ова беше познатата операција Ден-Д.

Сега, 65 години подоцна, многумина во околните села, како Сент Мер Еглиз, се сеќаваат на овој ден.

За Сесил Гансел, акцијата на здружените сили ја поттикнала надежта за ослободување од нацистичката окупација: „Се сеќавам кога германски војник дојде и ни се обрати со вообичаениот поздрав – Да живее Хитлер. Мајка ми, која беше мошне директна жена му возврати – Не, овде нема Хитлер, Хитлер наскоро нема да постои“.

Лион Готиер во тоа време бил млад француски командос кој учествувал во операцијата.

„Имавме наредба да не застануваме, дури и ако некој од соборците се повреди. Мојата единица требаше да се распореди на врвот на плажата. Трчавме низ вода, но не се сеќавам дека бевме мокри“, вели овој војник.

Сојузничката акција била изведена на плажите долж нормандиското крајбрежје. Таму пристигнале преку 150.000 американски, канадски, британски и француски војници. Други 20.000 Американци се распоредиле со падобрани зад непријателските линии.

Стефани Симонет е воен историчар во Музеј посветен на војната што се наоѓа во близина.

Таа вели дека тоа било почетокот на ослободувањето на Европа, зашто целта на сојузничките сили била Берлин, а не Нормандија.

Неколку месеци по Денот-Д, Париз бил ослободен, мината реката Рајна во Германија и се продолжило натаму. Требало уште една година пред војната во Европа конечно да заврши.

На американските гробишта во Колвил-сур-Мер се погребани преку 9.000 Американци кои загинале во акцијата на Нормандија или во операциите во следните недели.

Во Ла Камб, на германските воени гробишта, почиваат околу 20.000 германски војници.

За време на операцијата на Денот-Д, животот го загубиле, биле повредени или се водат за исчезнати преку 425.000 германски и сојузнички сили.

Загинале и илјадници француски цивили, главно во бомбашките напади.

Хенри Жан Ренуд бил сведок на настаните како младо момче. Дури и денес тој верува дека жртвите биле неоходни: „Ослободувањето многу ни значеше. Честопати војните не се оправдани, но оваа мораше да се извојува, мораше да се добие“.

На крајот, вели Жан Ренуд, токму оваа војна придонесе за соединување на народот во Европа и за мирот што денес го уживаат Европејците.

Секоја година, лидерите на сојузниците учествуваат на церемониите за одбележување на Денот-Д во Нормандија. Годинава нема да биде поинаку.

XS
SM
MD
LG