Линкови за пристапност

Обама на турнеја по Блискиот Исток и Европа


Американскиот претседател Барак Обама во вторник заминува за Ријад – првата станица на петдневната турнеја по Блискиот Исток и Европа. Во среда, тој ќе се сретне со кралот на Саудиска Арабија, Абдула. Наредниот ден ќе биде во Египет, каде на Универзитетот во Каиро ќе го одржи многу очекуваното обраќање до муслиманскиот свет.

Во интервју за Би-Би-Си емитувано во понеделникот, Обама најави дека сака да афирмира пред светот дека САД ќе се придржуваат до своите вредности дури и кога е тешко, а не само кога тоа е лесно.

Американскиот претседател по посетата на Египет ќе замине за Германија, каде ќе го посети некогашниот нацистички логор Букенвалд. На последната станица од посетата – Франција, Обама ќе учествува на церемониите во чест на 65-тата годишнина од инвазијата на Нормандија за време на Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG