Полицијата во Пакистан јави дека милитанти вооружени со рачни гранати грабнале најмалку 300 ученици, учители и нивни роднини во племенскиот регион Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Властите наведуваат дека припадници на Талебан грабнале конвој возила од училиште со кое управува армијата, како и дека за нападот јавиле некои членови на конвојот кои успеале да избегаат.
Советникот на премиерот Мирза Мохамед Џихади рече дека властите работат на ослободување на грабнатите.
Северен Вазиристан и другите племенски области во северозападен Пакистан се упоришта на Талебан и на милитантите од Ал-Каида. Пакистанската армија веќе еден е во акција против борците на Талебан во други делови на северозападниот дел на земјата.