Линкови за пристапност

АСЕАН го осуди севернокорејскиот нуклеарен тест


Јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-бак и лидерите на Здружението на јужнокорејски земји – АСЕАН ја повикаа Северна Кореја да се откаже од нуклеарните амбиции и да ги почитува санкциите на ОН.

Кабинетот на Мунг-бак соопшти дека државниците го нарекле нуклеарното тестирање што Северна Кортеја го изврши на 25-ти мај провокација што „сериозно ги поткопува мирот и стабилноста во регионот и во светот“.

АСЕАН во понеделникот започна дводневна средба во Јужна Кореја, одбележувајќи 20 години партнерство и зајакнување на меѓународната соработка во услови на актуелната глобална финансиска криза. Но, севернокорејскиот нуклеарен тест и последователните тестирања на проектили од долг домет избија на прво место на дневниот ред на средбата.

Јужнокорејските медиуми во понеделникот цитираа неименувани владини претставници во Сеул дека Северна Кореја го префрлила својот досега најусовршен проектил од долг домет на лансирно место на западниот брег, како и дека би можела да изврши пробно лансирање месецов.

XS
SM
MD
LG