Линкови за пристапност

Исчезна авион на Ер Франс откако западнал во невреме близу Бразил


Патнички авион на компанијата Ер Франс со преку 200 патници се води за исчезнат, а се стравува дека се урнал откако налетал на невреме со грмотевици

Според претставникот на Ер Франс Пјер Анри Гурген, авионот на летот 477 за Париз исчезнал од радарот рано во понеделникот, речиси четири часа по полетувањето од Рио де Жанеиро. Гурген вели дека авионот покажал очигледни знаци на дефект – набргу откако наишол на турбуленции како резултат на невреме над Атлантикот, била примена автоматска електрична порака за краток спој. Тој подоцна за Си-Ен-Ен изјави дека немало аудио-контакт со пилотите откако била примена пораката, како и дека таа сугерира дека авионот со 216 патници и 12 членови на екипажот бил во тешка ситуација кога таа била испратена.

Воздухопловните сили на Бразил трагаат по авионот на околу 300 километри од крајбрежниот град Натал, во близина на островот Фернандо де Нороња.

XS
SM
MD
LG