Линкови за пристапност

Гајтнер во Пекинг:  глобалната криза губи сила


Глобалната криза навидум губи на сила поради напорите во САД, Кина и други главни економии, порача американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер пред публика од кинески студенти, академици и владини претставници.

Во говорот во Пекиншкиот универзитет, Гајтнер потенцираше дека успесите во Вашингтон и Пекинг ќе бидат од клучно значење за економската состојба на останатиот свет. Тој рече и дека кинеските инвестиции во обврзниците на Американската државна благајна и друга актива се безбедни, без оглед на тешката економска криза во САД. Осврнувајќи се на ситуацијата во автомобилската индустрија, секретарот за трговија изрази оптимизам дека Џенерал Моторс и Крајслер по банкротирањето со тек на време ќе станат одржливи приватни компании.

За време на дводневната посета Гајтнер ќе се сретне со кинескиот премиер Вен Џиабао и претседателот Ху Џинтао.

Според проценките, на Кина отпаѓа 1 трилион од американскиот владин долг, со што е најголемиот странски кредитор на САД. По САД и Јапонија, Кина е третата најголема економија во светот. Гајтнер има кажано дека кинеската економска сила треба да и` даде поголема улога во Меѓународниот монетарен фонд.

XS
SM
MD
LG