Линкови за пристапност

САД воведоа построги погранични процедури


САД воведоа построги барања за идентификација за американски граѓани и Канаѓани кои влегуваат во земјата по копнен или по воден пат.

Одделот за домашна безбедност потврди дека Американците кои се враќаат од Канада, Мексико, Карибите и Бермуда на граничните премини мора да покажат американски пасош, пасошка карта, возачка дозвола со зајакнати безбедносни белези, или пак соодветна картичка за патна програма.

Канаѓаните кои влегуваат по копнен или морски пат мора да покажат канадски пасош, возачка дозвола со зајакнати безбедносни белези или идентификациона карта, или пак соодветна картичка за патна програма.

Нема промена во процедурата за мексиканските државјани, на кои за влез и натаму ќе им биде потребнен пасош со неимигрантска виза или пак ласерска картичка – виза за минување на границата.

Новите правила стапија во сила од понеделникот. Нешто порано годинава веќе беа воведени построги правила за патниците кои пристигнале по воздушен пат.

САД претходно признаваа и други документи од своите граѓани и Канаѓаните за влез во земјата, како извод од матичната книга на родените, и возачки дозволи без безбедносни белези.

XS
SM
MD
LG