Линкови за пристапност

Обама уверен во напредок на мировниот процес на Блискиот исток


Американскиот претседател Барак Обама вели дека е уверен во напредокот на израелско-палестинскиот мировен процес, по разговорите со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Белата Куќа.

Претседателот Обама на новинарите во четврток им кажа дека Израел мора да престане да ги шири населбите на Западниот брег за да напреднат мировните напори. Тој рече дека и Палестинците мора да го направат својот дел во обезбедувањето на Западниот брег и да го намалат поттикнувањето на анти-израелско расположение.

Обама исто така кажа дека создавање на одвоена палестинска држава ќе помогне да се обезбеди дека Израел ќе остане безбеден и сигурен.

Американскиот претседател рече дека го покренал прашањето за време на разговорите минатата недела со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, кој уште не ја прифатил солуцијата за две држави.

Претседателот Абас кажа дека Палестинската управа е определена на таканаречената „мапа за мир". Тој исто така забележа дека арапските нации се расположени за нормализацијата на односите со Израел доколку еврејската држава се повлече од сета окупирана територија.

По разговорите во четврток претседателот Обама на новинарите им кажа дека нема специфични рокови за блискоисточната мировна спогодба, но дека нема време за губење.

Претходно, израелската влада го отфрли повикот на американската државна секретарка Хилари Клинтон за замрзнување на сета градба во израелските доселенички населби на Западниот брег без исклучоци.

Претседателот Абас кажа дека нема да продолжи со мировните разговори доколку Израел не престане со активностите во доселеничките населби и додека не прифати солуција на постоење на две држави за израелско-палестинскиот конфликт.

За време на минатонеделната средба во Вашингтон, премиерот Нетанјаху на Обама му кажа дека е определен за повторно лансирање на мировните разговори.
XS
SM
MD
LG