Линкови за пристапност

Новa американска безбедносна политика


Пензионираниот генерал Џејмс Џонс прави реорганизација на персоналот на Советот за националана безбедност, спојувајќи го со Советот за домашна безбедност, поради, како што вели, потребата од посеопфатна и поефикасна организација која ќе може брзо да дејствува во справувањето со најразлични прашања што ја засегаат и домашната и меѓународната безбедност.

„Идентификував повеќе закани со кои се соочуваме и тие се постојани. Но во исто време секојдневно се справуваме со пет-шест сериозни проблеми. Заканите со кои се соочуваме, доаѓаат во бранови, асиметрични се и се мошне различни споредени со 20-от век“, вели Џонс.

Советникот на претседателот Обама за национална безбедност, додава дека меѓу прашањата со кои се соочува се војните во Ирак и Авганистан, ситуацијата во Пакистан, глобалниот тероризам и нуклеарните програми во Иран и Северна Кореја.

Но, генералнот Џонс вели и дека се справува со најразлични, „нетрадиционални“ закани.
„Не се работи само за војната против тероризмот. Присутни се компоненти поврзани со ширењето на нуклеарно оружје, климатските промени, енергетската политика, економската безбедност, безбедноста на кибернетскиот простор, нелегалната трговија со луѓе, нарко-тероризмот и бројни други прашања“, изјави Џонс.

Генералот Џонс вели и дека САД, особено американската армија треба да бидат подготвени и натаму да обезбедуваат итна хуманитарна помош ширум светот како одговор на природните или катастрофи предизвикани од луѓе. Тој додава дека администрацијата се обидува да најде меѓународни решенија за сите предизвици со кои се соочува и оти верува дека странските влади се понаклонети за соработка со претседателот Обама споредено со поранешниот претседател Џорџ Буш.

Сакаме да го ангажираме светот на поинаков начин, но на начин што е предвидлив, што разуверува, на начин што значи третман на пријателите и сојузниците со почит, каква што заслужуваат, вели Џонс.

Генералот Џонс беше критикуван поради тоа што не се појавувал во јавноста за да ја промовира и објасни политиката на претседателот. Презентацијата во Атлантскиот совет на САД, беше негово прво појавување во јавноста откако ја презеде функцијата во јануари. Тој појасни дека минал многу од времето работејќи на реорганизација на Советот за национална безбедност, со цел агенцијата да биде поподготвена на денешните закани.

Минатата година генералот Џонс раководеше со студија на Атлантскиот совет, во која беше заклучено дека НАТО „не победува во Авганистан“. На настанот на кој деновиве зборуваше тој рече дека ќе е потребна една година да се утврди дали новата стратегија за Авганистан и Пакистан на претседателот Обама ќе успее.

XS
SM
MD
LG