Според извештајот на Одделот за трговија, објавен во петок, падот бил помал од очекуваното, за околу 0,4 проценти, и подобар од претходното тримесечје.
Многу владини експерти и приватни економисти велат дека најлошото од рецесијата можеби е минато, но предвидуваат бавен економски растеж до крајот на годината.
Други економски извештаи од петокот покажаа дека американските бизнис активности опаднале во повеќе клучни региони, додека потрошувачите покажале дека се поголеми оптимисти.
Потрошувачката доверба е на највисоко ниво од септември, но сепак е на релативно ниско ниво.
Економисти ја следат довербата на потрошувачите како показател за побарувачката што всушност е факторот што движи најголем дел од економската активност во САД.