Американскиот претседател Барак Обама презема чекори за заштита на комјутерските системи на Америка. Претседателот ќе назначи специјален асистент кој ќе ги надгледува напорите за поголема кибернетска безбедност.
Претседателот кажа дека заканата за компјутерите е реална: „Во денешниот свет, акти на терор не можат да дојдат само од неколку екстремисти со самоубиствени бомбашки појаси, туку и со притискање неколку копчиња на тастатурата на компјутерот, оружје за масовно уништување“.
Обама рече дека САД долго време не успевале соодветно да ја заштитат безбедноста на своите компјутерски мрежи и тој изложи план да ја подобри безбедноста: „Отсега, нашата дигитална инфраструктура, мрежи и компјутери од кои зависиме секојдневно, ќе бидат третирани како што треба, како стратешко национално богатство“.
Како дел од планот, претседателот наскоро ќе именува специјален помошник кој ќе биде одговорен за заштита на комјутерските системи во САД: „Отварам нова канцеларија во Белата куќа, што ќа је предводи координатор за кибернетска безбедност. Заради големата важност на оваа работа, лично ќе го одберам лицето за оваа функција. Ќе се потпирам на ова лице за сите прашања во доменот на кибернетската безбедност“.
Планот на Обама исто така предвидува кампања за кревање на јавната свест за предизвиците и заканите за кибернатската безбедност.
Претседателот рече дека има лично искуство со тие закани. Лани хакери упаднале во комјутерскиот систем на неговата претседателска кампања. Имале увид разни документи од кампањата, од политички извештаи до планови за неговите патувања, кажа Обама. Тоа било голем потсетник на можната штета што може да биде сторена на овој начин, кажа тој, додавајќи дека безбедноста на донаторите, имињата и финансиските информации, биле заштитени.