Линкови за пристапност

Петти традиционален џез фестивал Дјук Елингтон


Џез великанот Дјук Елингтон рекол - ако звучи добро и прави добро да се чувствувате – значи добро е. Џез фестивалот Дјук Елингтон, петти по ред, го ветува сето тоа и повеќе. Овој пат фестивалот ќе оддаде почит на „местото на раѓањето на џезот“ - Њу Орлеанс,во Луизијана. Некои од најпознатите музичари од градот ќе свират на најдобри локации во Вашингтон. Меѓу учесниците се петте членови од семејството Марсалис – пијанистот Елис Марсалис и неговите синови Винтон, Бранфорд, Делфејо и Џејсон.

Единаесет дена и ноќи, десетици клубови, хотели, ресторани и уметнички галерии ќе бидат домаќини на традиционалниот џез, фанк и соул. Некои од настаните се „Jazz and Families Fun Day“, „New Orleans on the Potomac“, „Jazz at the Madison Hotel“, а ќе има и гостувања од прочуениот колеџ за музикаБеркли. За да се почувствува фестивалот за културното наследство и џезот на Њу Орлеанс, има настани под отворено небо и ќе бидат наречени – Њу Орлеанс на Националното шеталиште.

Во Вашингтон доаѓа мајсторот на хармоника Баквит Зајдако, кој ќе настапи на последниот ден од фестивалот, заедно со плејада звучни имиња како трубачите Теренс Бланкард и Николас Пејтон, блузерот „Литл“ Фреди Кинг, саксофонистот Доналд Харисон, „Кралицата на соулот во Њу Орлеанс“, Ирма Томас.

Во сенките околу Споменикот во Вашингтон, Оркестарот Дјук Елингтон ќе му оддаде признание на неговиот основач со изведбата на Елингтон - New Orleans Suite. Во меѓувреме во француската амбасада во Вашингтон, уметничкиот директор на фестивалот Пакито Ди Ривера ќе ја отвори вечерта со кларинистот од Њу Орлеанс, композитор и музички историчар Мајкл Вајт.

Петтиот традиционален годишен џез-фестивал Дјук Елингтон ќе кулминира со шоу со најдобри изведувачи во центарот Кенеди со настан наречен „ Celebrating a Jazz Master: Ellis Marsalis“. На последната ноќ, на семејството Марсалис ќе им се придружат пијанистот Били Тејлор, тапанарот Херлин Рајли, басистот Ерик Ривис и пејачот на романтични песни Хари Коник, Џуниор.

XS
SM
MD
LG