Во интервју за Гласот на Америка, Роксана Сабери кажа дека иранските инспектори и рекле дека може да биде осудена на 20 годишна затворска казна или дури и погубена ако не признае дека е виновна.
32-годишната новинарка се врати во САД минатата недела откако мина близу четири месеци во затвор во Техеран.
Сабери, која има двојно државјанство, американско и иранско, беше уапсена во јануари, и обвинета за шпионирање, по што и` беше изречена осумгодишна затворска казна. Иранскиот суд подоцна ја намали казната и нареди нејзино ослободување.
Сабери за Гласот на Америка стапувањето во штрајк со глад го оправдува со осудата на толку голема затворска казна.