Линкови за пристапност

Неизвесна иднина на Опел


Опел, европскиот дел на автогигантот Џенерал Моторс, со седиште во Германија, е предмет на преговори меѓу Џи-Ем, потенцијалните купувачи и германската влада.

Еден од наддавачите, италијанскиот автопроизводител Фиат, вели дека ќе ги прескокне денешните разговори затоа што има потреба од повеќе информации за финансискиот статус на фирмата што може да влијае на одговарање на владините барања за финансирање.

Опел има околу 55.000 вработени, од кои половината работат во Германија. Ова придонесе евентуалното намалување на работни места да стане предизборна тема за претстојните избори.

Џи – Ем се обидува да го продаде Опел пред 1-ви јуни – рокот кој компанијата го има за реструктуирање или да банкротство. Бордот на директори на Џи-Ем се среќава за да направи план за стратегија додека синдикатот продолжува со барање отстапки.

Судскиот распит за банкротство продолжува за ривалскиот Крајслер, каде судијата разгледува план да продаде најголем дел од компанијата на Фиат.

XS
SM
MD
LG