Во Сибир е отворена голема фабрика за уништување на два милиони парчиња хемиско оружје. На фабриката, која е финансирана со повеќе од една милијарди долари од САД, се гледа како на важен момент во соработката меѓу Москва и Вашингтон во процесот на разоружување.
Американскиот сенатор Ричард Лугар вели дека мирот и просперитетот за САД и Русија зависат од тоа дали двете земји ќе обезбедат складиштата за оружје да не се користат или да не паднат во погрешни раце.
Лугар е еден од архитектите на програмата која ќе и помогне на Русија и на поранешните советски републики да го уништат оружјето за масовно уништување.
Американски официјални лица велат дека секое оружје, дури и она што може да се носи во чанта, има потенцијал да убие десетици илјади луѓе.
Фабриката за уништување оружје е лоцирана на околу 1600 километри од Москва.