Линкови за пристапност

Кливленд победија, избегнаа елиминација


Кливленд Кавалирс избегнаа елиминација од „плејоф"-натпреварите во НБА со синоќешната победа на домашен терен против Орландо Меџик со 112-102.

Резултатот во финалната серија - "подобар од седум натпревари" во Источната конференција сега е 3-2 за Орландо. Леброн Џејмс - доследен на титулата најдобар играч во лигата оваа сезона: забележа 37 поени, 14 скока и 12 асистенции. Наредниот натпревар се игра во Орландо во сабота.

Во западното финале, вечерва играат Денвер Нагетс и Лос Анѓелес Лејкерс, а резултатот е 3-2 за Лејкерс.

XS
SM
MD
LG