Линкови за пристапност

Кери: Кина ќе поддржи акција на ОН против Северна Кореја


Американскиот сенатор Џон Кери вели дека Кина ќе поддржи акција во Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја и се согласува дека Северна Кореја мора да сноси последици за извршените нуклеарни тестирања. Кери зборуваше пред новинари во Пекинг, при што кажа дека е убеден оти Кина ќе биде „конструктивен играч„ во меѓународните прашања за одговор по нуклеарниот тест на Северна Кореја.

Кери рече дека шефот на кинеската дипломатија Јанг Јенчи на средбата во Кина рече дека ја поддржи умерен одговор за кој се преговора во седиштето на ОН.

Кери неделава предводи делегација на сенатската комисија за односи со странство на средбите со официјални кинески претставници.

Кина секогаш преферирала претпазлива дипломатија со Северна Кореја. Колапсот на режимот може потенцијално да испрати милиони бегалци од Северна Кореја преку границата.

Дипломатите од петте постојани членки на Советот за безбедност – САД, Франција, Кина и Русија, плус Јапонија и Јужна Кореја ја разгледуваат можноста за санкции за патување и трансфер на пари, погранично ембарго за оружје, зајакната инспекции на карго и замрзнување на финансиските сметки во странство на лидерите од Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG