Линкови за пристапност

Израел го отфрла повикот за замрзнување на изградбата на доселенички населби


Портпаролот на израелската влада кажа дека Израел ќе продолжи со заложбата за уривање на неавторизирани објекти и оти нема да гради нови, но потенцираше дека во постоечките ќе мора да дозволи надоградување заради растечката популација во тој дел од земјата.

Портпаролот Моше Регев одговараше на коментарите од американскиот државен секретар Хилари Клинтон дека САД сакаат Израел да го запре ширењето на доселеничките населби, без исклучоци.

Тој ова го кажа спроти денешната средба во Белата куќа на претседателот Барак Обама и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

На средбата во Вашингтон, се очекува Абас да повика на ставање крај на активностите на Израел со доселеничките населби на Западниот брег.

XS
SM
MD
LG