Линкови за пристапност

Според најнов извештај – рецесијата во САД се намалува


Во нов извештајот на Одделот за труд се вели дека бројот на Американците кои побарале социјална помош од државата, минатата недела се намалил за 13.000 и сега изнесува 623.000 лица. Ова е показател за намалување на бројот на отпуштања од работа.

Сепак, во извештајот се наведува и дека бројот на лицата кои земаат долгорочна социјална помош, повторно е на рекордно високо ниво и изнесува речиси 6,8 милиони. Ова индицира дека потребно е подолго време од вообично да се најде ново вработување.

Во извештај на Одделот за трговија, пак се наведува дека дел од американското производство забележало пораст за месец април.

Нарачките за скапи производи што се очекува да траат неколку години, се зголемиле за речиси два процента, што претставува најголем пораст од крајот на 2007, наваму.

Но и покрај знаците на подобрување на економската ситуација, и натаму се јавуваат показатели за тоа дека американските потрошувачи се` уште се колебаат да трошат пари.

XS
SM
MD
LG