Линкови за пристапност

Продолжува распитот за банкротство на Крајслер


Крајслер се надева дека надлежниот судија ќе дозволи продажба на поголемиот дел од имотот на компанијата на нова компанија ко-сопственик на италијанскиот автомобилски производител Фијат и фондот за здравство формиран од страна на Синдикатот на работниците во автомобилската индустрија наменет за лицата во пензија.

Крајслер вели дека партнерството е единствениот начин да се избегне продавање на компанијата дел по дел. Сепак, продавачите на автомобили, сопствениците на обврзници од компанијата и други лица, поднесоа околу 100 приговори на договорот.

Во меѓувреме, Џенерал Моторс, кој исто така се соочува со финансиски проблеми, е еден чекор поблизу од поднесување на барање за банкротство, откако претставници на компанијата соопштија дека не можат да постигнат договор со сопствениците на обврзници.

Џенерал Моторс во моментов опстојува заради владината помош од 19,4 милијарди долари и има рок до 1-ви јуни да се реорганизира и да го намали долгот, работната сила и другите трошоци.

XS
SM
MD
LG