Линкови за пристапност

Обама нареди ревизија на владината тајновитост


Американскиот претседател Барак Обама и` нареди неговата администрација да изврши ревизија на начинот на кој владата одредува кои документи можат да бидат објавени, а кои да бидат класифицирани како тајни, што е дел од напорите за поотворена влада.

Обама од советникот за национална безбедност, Џејмс Џонс побара да се консултира со раководните лица на неколку агенции, за да се добијат предлози за подобро споделување на тајната документација.

Американскиот претседател побара од надлежните органи да креираат унифициран процес за дистрибуција на таканаречени „чувствителни, но јавни“ информации меѓу федералните агенции и помеѓу федералната влада и државните и локалните агенции.

Работна група ќе биде задолжена за наоѓање рамнотежа меѓу интересите на спроведувачите на законот и граѓанските слободи.

XS
SM
MD
LG