Линкови за пристапност

САД тестираат нови безбедносни мерки на аеродромите


На два американски аеродроми неделава се тестира програма за употреба на биометрички информации во следење на неамерикански државјани кои заминуваат од земјата во напор да се заштити земјата од тероризам.

Претставник на американскиот Оддел за домашна безбедност вчера истакна дека надлежните органи ја тестирале програмата на аеродромите во Атланта, Џорција, и во Детроит, Мичиген. Притоа биле земани отпечатоци од прсти на лица кои не се државјани на САД, а кои заминувале од земјата, за електронски да се проверат нивните пасоши. Властите велат дека податоците потоа се споредуваат со оние на туристичката виза или зелената карта на патникот.

Доколу се покаже дека системот функционира, наредната година ќе почне да се применува на сите аеродроми и пристаништа во САД.

Надлежните органи додаваат дека системот наречен биометричка верификација, се планира да се применува и на граничните премини во земјата.

Ваквиот вид на проверка на патниците, беше и една од препораките на Комисијата што водеше истрага по нападите врз САД од 2001.

XS
SM
MD
LG