Линкови за пристапност

Силен земјотрес во близина на Хондурас


Силен земјотрес го погоди подрачјето во близина на брегот на Хондурас рано во четврток, убивајќи најмалку едно лице и преплашувајќи ги жителите кои трачаа по улиците стравувајќи од цунами.

Американската геолошка служба вели дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степен со епицентар на околу 64 километри североисточно од градот Роатан, во Хондурас, со длабочина од само десет километри.

Едно лице загинало кога се урнала куќа во северниот град Ла Лима, на околу 50 километри западно од брегот.

Во првичните извештаи нема информации за поголема штета, иако земјотресот предизвикал прекин на електричната енергија во Роатан.

Пацифичкиот центар за цунами издаде предупредување за можни цунами за Хондурас, Белизе и Гватемала. Два часа по земјотресот, откако опустошувачки бранови не се појавија во набљудуваните области, претпазливоста е отповикана.

XS
SM
MD
LG