Линкови за пристапност

Новиот шеф за јавна дипломатија предвидува поправање на имиџот на САД


Новиот шеф за јавна дипломатија при американскиот Стејт департмент вели убедена е дека американскиот имиџ во странство може да се поправи откако беше оштетен за време на бушовата администрација.

Поранешниот извршен директор за медиуми Џудит Мекхејл зборуваше за Гласот на Америка на нејзиниот прв работен ден како државен потсекретар за јавна дипломатија.

Мекхејл не предвидува чуда во зголемување на поддршката за Америка во странство, особено што последното истражување, за време на претходната администрација, покажа историски најниско ниво. Надворешната политика на претседателот Џорџ Буш беше доживувана како унилатерална и претерано милитарилизирана.

Сепак, новиот потсекретар вели дека администрацијата на Обама направила исчекор од тоа, почнувајќи со изборот и инаугурацијата на новиот претседател кој има семејни врски во Кенија и дел од младоста го минал во Индонезија.

„Неговиот избор очигледно помогна за поправање на нашиот имиџ во светот, и тоа на различни начини. Неговите корени и животен пат дава поинаква перспектива за светот. Мислам дека светот има волја повторно да се поврзе со оваа земја. Во инаугуративниот говор тој направи важна поента кога зборуваше за подавање на рака и мислам дека многу луѓе сакаат да го сторат истото“, кажа Мекхејл во интервјуто за Гласот на Америка.

Мекхејл рече дека претседателот на 4-ти јуни ќе има политичко обраќање во Каиро, во кое се очекува да повика на помирување со муслиманските земји. Се очекува тоа да биде исклучително важен настан за американската јавна дипломатија, како дел од напорот за приближување на земјите на партнерско ниво.

Мекхејл, која работела 20 години за кабелската телевизија Дискавери Комјуникејшнс, рече дека развила интерес за надворешната политика и особено за африканските прашања како ќерка на американски дипломат во ерата на апартхејдот во Јужна Африка.

Компанијата на Мекхејл оперира во преку 170 држави во светот. Од тоа искуство таа вели дека клучот на Америка да допре до популацијата во странство и особено меѓу младата популација е преку нови медиуми, не само кабелската телевизија, туку и преку мобилните комуникациски мрежи и социјалното поврзување преку интернет.

„Треба да сфатиме како функционира денешницата. Кои се најрелевантни работи за нас кои ќе ни помогнат да допреме до милијарди луѓе ширум светот? Нема друг начин освен да ги ставиме во игра новите медиуми. Кога ќе ја разгледате демографијата во сите региони до кои сакаме да допреме, забележуваме дека во многу случаи каде популацијата е под 25 или 20 години, масовно е потпирањето на новата технологија“, вели таа.

Мекхејл ќе има на располагање една милијарда долари годишно во Стејт департментот за програмите за комуникации, култура, и друг вид размена.

Таа ветува целосно претресување на досегашната американска јавна дипломатија, но доаѓа на функцијата без предуслови за структурни промени, иако во моментов се работи на препораки за реформа.

XS
SM
MD
LG