Линкови за пристапност

НБА: Лејкерс го презедоа водството против Нагетс


Лос Анџелес Лејкерс поведоа со 3-2 во серијата најдобар од седум натпревари со синоќешната победа над гостите од Денвер со 103-94 во финалето на западната конференција во Ен-Би-Еј.

Ѕвездата Коби Брајант постигна 22 поени, но имаше голема помош од соиграчите. Ламар Одом постигна 19 поени и имаше 14 скокови, додека Пау Гасол уфрли 14 поени и имаше 14 скокови.

Кај Нагетс, најпрецизен беше Кармело Ентони со 31 кош, додека Кенион Мартин и Чонси Билапс постигнаа – секој по 12 поени.

Следниот меч се игра во Денвер.

Во меѓувреме, финалето на источната конференција, Кливленд Кавалирс вечерва ги пречекуваат Орландо Меџик. Меџик сега водат со 3-1.

XS
SM
MD
LG