Линкови за пристапност

САД и Јужна Кореја на поголем степен на претпазливост по заканите на Северна Кореја


Јужнокорејските и американските трупи денес го кренаа степенот на претпазливост на полуостровот на највисоко ниво од 2006. Потегот доаѓа еден ден откако Северна Кореја го отповика договорот за примирје стар пет децении со кој заврши Корејската војна.

Претставници на одбраната велат дека командата на комбинираните сили на САД и Јужна Кореја го засили набљудувањето на Северна Кореја и ја зголеми претпазливоста од фаза три на фаза два.

Портпарол на јужнокорејското Министерство за одбрана вели дека двете армии насочиле поголем персонал за прибирање на разузнавачки податоци и анализи.

Командата на комбинираните сили не го има кренато нивото на претпазливост откако Северна Кореја го изведе првиот нуклеарен тест во 2006.

Тензиите постојано растеа неделава, откако Северна Кореја го изведе својот втор нуклеарен тест во понеделникот.

Во вторникот Јужна Кореја соопшти дека ќе учествува во Безбедносната иницијатива против пролиферација предводена од САД, со цел да се прекине транспортот на нуклеарно и друго оружје.

Како одговор на тоа, во средата, Северна Кореја кажа дека доколку САД и Јужна Кореја се приближат на некој од нивните бродови, таа нема повеќе да се придржува на примирјето од 1953 година.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека ќе има последици за акциите на Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG