Тројца астронаути, од Канада, Белгија и Русија денеска со руското летало „Сојуз“ заминаа на шестмесечен престој во вселената.
Кога леталото ќе се спои со Меѓународната вселенска станица в петок, тројцата астронаути ќе му се придружат на тамошниот тричлен екипаж и за прв пат во станицата ќе има шест постојани членови.
НАСА вели дека за прв пат претставници од сите пет агенции за вселенски истражувања кои се спонзори на Меѓународната вселенска станица, Русија, Јапонија, Европа, Канада и САД, ќе бидат истовремено присутни во станицата.